Skip to main content
Хроника

Жена од Пробиштип измамена за 1,4 милиони денари

23/02/2025  17:24

Пробиштипјанка наседнала на измама и платила 1,4 милиони денари.

Пред два дена 56 годишна жена од Пробиштип, во полициската станица пријавила дека е измамена, кога на почетокот на месец јануари годинава, лице стапило во контакт со неа, се претставило дека e од Штип и дека живее во Велика Британија.

Лицето и посочило дека во неговата Агенција стигнал документ со кој се потврдува дека таа е наследник на 590.000 евра, кои се во крипто валути, но доколку сака да ги земе, ќе мора да плати одредена сума на пари.

Потоа ја убедил да инсталира неколку апликации на мобилниот телефон и да подигне кредит од финансиско друштво во износ од 250.000 денари, кои веднаш ги преземал преку една од апликациите со која имал контрола врз нејзиниот телефон.

На почетокот на февруари, измамената пробиштипјанка извадила извод од банка и констатирала дека преку електронско аплицирање, а без нејзино знаење и одборение, биле подигнати 2 кредити од истата банка во вкупен износ од 1.184.000 денари.

Од СВР Штип информираат дека преземат мерки за расчистување на случајот.