Skip to main content
Свет

11-годишно дете почина, уште неколку се повредени кога жена во Мелбурн удри со автомобилот во ученици

29/10/2024  09:03

11-годишно дете почина, а неколку други се повредени откако автомобил удри во ограда во основното училиште Обурн Саут во источниот дел на Мелбурн.

Најмалку пет деца биле удрени од автомобилот, а 11-годишното момче било пренесено во болница во критична состојба, каде што починало. Другите четири се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот.

Портпаролот на Министерството за образование изјави дека е можно на возачот на автомобилот да му се слошило, пишува Скај Њуз.

Полицијата соопшти дека возилото се движело по улица кога излетало од патот и ја пробило училишната ограда нешто по 14:30 часот.

Петте деца кои биле удрени седеле на клупа покрај оградата кога автомобилот налетал на нив. Учениците биле излезени на училишен одмор кога се случила несреќата и неколку деца биле сведоци на несреќата.

„Возачот е уапсен и ќе биде сослушан“, соопшти полицијата на Викторија.