Skip to main content
Хроника

На депонија во село во општина Новаци пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна

23/02/2025  13:08

На 22.02.2025 во 10.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на депонија во с.Мегленци, општина Новаци, била пронајдена неексплодирана граната.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ја подигнал гранатата, при што било констатирано дека станува збор за артилериска граната калибар 75 мм која потекнува од Првата светска војна. Извршен бил увид.