Skip to main content
Македонија

Власта да почне со реформи и утре да го гласа предлогот на Левица за кривична одговорност за судиите

23/02/2025  13:11

Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица:

Покрај Предлог-законот за заштита на потрошувачите со кој Левица предлага да се укинат двојазичните декларации на производите, на утрешната собраниска седница ќе се најде и уште еден предлог на пратеничката група на Левица – дополна на Кривичниот законик со цел воведување кривична одговорност за судиите.

Ги повикуваме сите пратеници, особено владејачкото мнозинство, на утрешната седница на Собранието да ги поддржат овие разумни и неопходни предлози на Левица.

Воведувањето на кривична одговорност за судиите е неопходна за да се стави крај на децениската пракса на неказнивост, праксата каде корупцијата е правило, а а правдата исклучок. Судиите не смеат да бидат недопирливи!

Со години гледаме како политичките и бизнис елитите манипулираат со правниот систем. Мораме да се спротиставиле на судските мафијашки врски, да ја заштитиме правдата и да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите.

Овој Предлог-закон е првиот чекор кон вистинска реформа во судството. Ги повикуваме сите пратеници, доколку се навистина против корупцијата, ако навистина се залагаат за правда – да го поддржат овој предлог.
Секој што ќе гласа против, или ќе се воздржи од гласање – ќе докаже дека е соучесник и дел од криминалот и корупцијата која ја гуши Македонија.