Skip to main content
Македонија

ВРЕДИ почна со списоците за вработување? Еден веќе им “протече”

23/02/2025  11:15

Првиот вицепремиер во Владата Изет Меџити неодамна најави дека околу 3.000 главно етнички Албанци ќе се вработуваат во државните институции.

Во меѓувреме во јавноста се појави список наводно од партијата Демократско движење со лица кои се приоритет за вработување.

На списокот се 30 имиња на партиски членови од неколку македонски општини.

Демократско движење е дел од коалицијата Вреди а нејзин лидер е токму вицепремиерот Меџити.