Skip to main content
Македонија

Партијата за движење на Турците ќе учествува на претстојните локални избори

23/02/2025  11:05

Централното собрание на Партијата за движење на Турците (ТХП) на состанокот одржан  викендов во Охрид донело одлука партијата да учествува на претстојните локални избори.

-Во таа насока, во наредниот период ќе се преземат активности за дефинирање на можните кандидати и подготовка на изборната програма и стратегија, соопшти денеска Партијата за движење на Турците.

Покрај изборните прашања, на состанокот се дискутирало и за тековни политички и организациски теми, со цел зајакнување на партиските структури.