Skip to main content
Свет

Во Шпанија запленети над 5,7 тони хашиш – уапсени шест лица

20/02/2025  20:56

Шпанската цивилна гарда заплени 5.721 килограм хашиш и уапси шест лица во три одвоени операции во пристанишниот град Хуелва, објавија денеска шпанските медиуми.

Во првата акција, полицијата забележала брод кој предизвикал сомнеж дека превезува дрога. Откако ја забележале полицијата, осомничените се обиделе да побегнат, фрлајќи дел од товарот во морето. Полицајците пронашле три бали хашиш во водата и уапсиле еден член на екипажот, кој паднал во морето додека управувал со пловилото.

Во втората операција, полицијата запрела уште еден брод, на кој биле пронајдени 135 бали хашиш со тежина од 5.400 килограми. Четиричлениот екипаж бил уапсен.

Третата акција довела до апсење на маж кој чувал чамец на плажата, во кој бил откриен мал товар хашиш.

Сите шестмина уапсени се обвинети за трговија со дрога и ќе останат во притвор.