Skip to main content
Хроника

Регистирани три пожари на територијата на Скопје, гореле две куќи и еден стан

20/02/2025  17:44

Во текот на вчерашнот и денешниот ден скопската полиција регистирала 3 пожари во кои гореле станбени објекти.

Првиот настан се случил рано утрото во 06.30 часот во с.Стајковци, скопско, каде настанал пожар во куќа во која престојувал Д.М.(44) од Скопје. При гаснење на пожарот, тој се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

реклама

Исто така во текот на вчерашниот ден во 23.27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Петар Дељан“ во Скопје настанал пожар во стан сопственост на Ј.Ј.(86) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а поради вдишување на чад во Комлексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош биле пренесени сопственикот, неговата сопруга Г.Ј.(69), еден полициски службеник и еден пожарникар. Увид ќе се врши во текот на денот.

Последниот пожар е регистриран денес во 05.30 часот каде во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„172“ во нас.Крњево во Скопје настанал пожар во напуштена куќа, сопственост на 75-годишниот С.М од Скопје.Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.