Skip to main content
Македонија

Во прекин патниот правец Смоквица – Демир Капија поради реконструкција на патот

20/02/2025  13:48

На автопатот А1, на делницата Демир Капија – Смоквица, поточно кај вториот тунел (Т2) во близина на местото “Јаворица”, сообраќајот ќе биде пренасочен со соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација поради реконструкција на патот.

Сообраќајот на патниот правец Смоквица – Демир Капија, ќе биде во прекин за сите патнички и товарни моторни возила.