Добра ждрепка за Ѓоковиќ, пеколна за Надал во Мелбурн

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доби добра ждрепка за настапот на првиот сезонски гренд-слем турнир „Австралија опен“. Во Мелбурн, Ѓоковиќ ќе има полесен пат во атакот на десеттиот трофеј на овој турнир, или вкупно 22 гренд-слем титула во кариерата.

Новак, кој е четврти носител, во првото коло ќе се сретне со Шпанецот Роберто Карбаљес Баена, во третото коло би имал дуел со Бугаринот Димитров или српско дерби со Ѓере, а на патот до финалето ги избегнува Рафаел Надал и Данил Медведев, кои се во другата половина од ждрепката.

Најопасни можни ривали на Ѓоковиќ, кој е прв фаворит за титулата конкуренти ќе му бидат Ник Кирјос, Андреј Рубљов, Александер Зверев, Матео Беретини, Холгер Руне и Каспер Руд.

Треба да знаете
Последни објави