Skip to main content
Балкан

Од 1 Јули во Бугарија зголемување на сите пензии за 11 отсто

19/02/2025  11:06

Бугарската Влада одлучи од 1  Јули пензиите во државата да бидат зголемени за 11 отсто.

-Тој потег се презема согласно швајцарско правило за сите пензионери, најави Деница Сачева од пратеничката група на ГЕРБ на заеднички брифинг со владините формации.

Таа додаде дека ќе се задржи дефицитот од 3 отсто, а еврозоната ќе продолжи да биде приоритет.

Одлуката е реакција на тензиите во коалицијата што настанаа при првично усвојување на буџетот од Советот на министри, јавија бугарските медиуми.