Skip to main content
Балкан

Атина денеска без такси превоз

19/02/2025  09:48

Таксистите во Атина од рано утрово започнаа 24-часовен штрајк и доставија низа барања, а грчката метропола денеска ќе биде без такси превоз, јави дописничката на МИА од Атина.

Додаваат дека нивните барања се фер и ќе се борат до крај, а паралелно бараат поддршка како од грчката федерација на таксисти, така и од останатите синдикати на такси превозници да се вклучат во денешниот штрајк.