Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Како на политичарите, така и на судиите и обвинителите треба да се прочешла имотот кој го стекнале

19/02/2025  09:29

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Деловен имот, неколку куќи, станови, градежно и земјоделско земјиште, неколку коли е дел од имотот на судиите и обвинителите во државата.

Со чиновничка плата на грбот на граѓаните стигале до имот како блискоисточни шеици.

Судството и обвинителството наместо да се бори против криминалот, реши да служи на неправдите и криминалот. И време е да се стави крај.

Треба добро да се прочешла имотот на дежурните судии кои се на телефонски повик на штабовите на Бихаќка и Мала Речица.

Сијамските близнаци, како судиите Илија Трпков и Добрила Кацарска, кои судеа над 200 години во 27 април, треба да се провери дали и каква корист и бенефит имаа од политичките процеси кои ги водеа.

Треба да се провери кои судии пораснаа енормно со својот капитал и наместо око на правдата во Македонија, станаа око на криминалот во државата.

Дополнително, треба да се повика и на одговорност и Љупчо Коцевски каде мистериозно пропушти да реагира во безброј случаи на очигледен криминал.

Жално е што СДС и ДУИ не најдоа за сходно да ниту еднаш да ги поддржат реформите во правосудството во државата.

Тоа покажува дека сите се потонати во истиот криминал.

Одговорност мора да има!