Search

(Видео) Демократите и републиканците си ги одмерија силите на изборите за гувернери

Енди Бешир на изборите за гувернер во Кентаки го победи републиканецот Мет Бевин. Демократите обезбедија мнозинство во парламентот во Вирџинија и Њу Џерзи. Републиканците однесоа победа во Мисисипи, пренесе Би-би-си.

Во четири сојузни американски држави синоќа беа одржани избори за гувернери, на кои демократите остварија серија важни победи.

Демократите издвоија победа во Кентаки, каде републиканскиот гувернер, кој уживаше поддршка од Доналд Трамп, не освои нов мандат.

Иако поразот претставува удар за Трамп, кој релативно е популарен во Кентаки, за него можеби повеќе е заслужен поразот на угледот на Бевин. Анкетите покажале дека Бевин е меѓу најнепопуларните гувернери, откако се судрија со наставниците и синдикатите.

Исходите од изборите одржани вчера во четири сојузни држави, меѓу кои се и во Мисисипи и Њу Џерзи, би можеле да бидат показател за претстојните претседателски избори во 2020 година, на кои Трамп ќе се обиде да освои втор мандат, додава Би-би-си.

Треба да знаете
Последни објави