Skip to main content
Хроника

Гореше куќа во Прилеп, повреден еден пожарникар

18/02/2025  19:23

Денеска, околу 16 часот, избувна голем пожар на покривот од куќа во Прилеп, која се наоѓа спроти Универзалната сала, над Бурекџилницата „Весна“.

По дојавата, екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) веднаш пристигнаа на местото на несреќата, каде што пламените јазици веќе ја поголтале целокупната кровна конструкција.

За време на интервенцијата, според првичните информации од заменик командирот на ТППЕ, Виктор Стојчески, еден пожарникар полесно се повредил.

Причините за избувнувањето на пожарот сè уште не се познати и ќе бидат дополнително истражувани.