Skip to main content
Спорт

Земјотрес на прес конференцијата на Бенфика

18/02/2025  08:48

Бенфика го пречекува Монако во 21 часот во реваншот од плеј-офот од нокаут фазата во Лигата на шампионите. Првиот меч Бенфика го доби во Монте Карло со 1:0.

Натпреварот имаше стресна увертира. Лисабон синоќа беше погоден од силен земјотрес со јачина од 4,7 степени, непосредно пред тренерот на Бенфика, Бруно Лаже да ја започне својата прес конференција во клупскиот камп Сеиксал.

Додека одеше до своето место, целата сала почна да тресе. Бројните новинари собрани таму останаа во шок, но беа смирени од тренерот на Бенфика. Лаже седна на своето место и ги покани новинарите да останат на прес-конференцијата и покрај земјотресот. Откако земјотресот стивна, Лаже почна да им се обраќа на медиумите.