Skip to main content
Македонија

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ ја запечати својата најголема лага

17/02/2025  19:57

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, изјави дека денеска се потврди најголемата лага на ВМРО-ДПМНЕ, а на виделина излезе нивното лицемерие во однос на Законот за бранителите.

„Вистината е дека денес пратениците на ДПМНЕ гласаа против Законот за бранителите. Во декември 2023 година го блокираа Законот за вработени во одбраната, под изговор дека нема да го поддржат додека не се донесе Законот за бранителите. Реалноста е дека Законот за вработени во одбраната е донесен, но денес не го поддржаа одблокирањето на Законот за бранители“, напиша Петровска.

Според неа, ова е уште една од низата лаги на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите осум месеци власт, а граѓаните никогаш не им биле приоритет.