Skip to main content
Македонија

Лав наместо був, се смени грбот на една полициска единица?

17/02/2025  16:22

Единицата за заштита на посебни лица и предмети сега доби нов грб, објавува Коха.мк.

Според медиумот лав со македонско знаме на грбот и испишано само на македонски е логото избрано од Министерството за внатрешни работи.

На старото лого оваа единица како животно го имаше бувот, но според пишувањата на Коха.мк  ВМРО-ДПМНЕ ги тера државните институции да се поистоветуваат со лавот, кој се смета и за синоним за партијата на власт.