Skip to main content
Хроника

Кривична против 55-годишен татко, физички и психички си ги малтретирал сопствените деца

17/02/2025  15:46

Полицијата од Тетово поднесе кривична пријава против 55-годишниот Ќ.С. од Гостивар поради малтретирање на своите деца.

„Пријавениот, во континуитет подолг временски период, физички и психички ги малтретирал неговите четири малолетни деца, ги оставал сами, без да им обезбеди основни услови и нега“, информираат од МВР.