
На 15.02.2025 во 20.40 часот во СВР Скопје А.Д.(23) од Скопје пријавил дека во населбата Ќерамидница во Скопје бил физички нападнат од Г.К.(28) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. Потоа, Г.К. ги нападнал и полициските службеници кои дошле на местото на настанот и го оштетил службеното возило, по што од страна на полициските службеници е лишен од слобода. При тоа, и А.Д. физички ги нападнал полициските службеници, по што се дал во бегство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.