
Два од петте натпревари одиграни во НБА лигата, пред Ол-стар паузата, завршија по дополнителни пет минути. Ноќта зад нас ја обележа и поразот на Оклахома во Минеаполис.
Њу Орлеанс Пеликанс по едно продолжение забележаа триумф над Сакраменто 140:133.
Пеликанс славеа 13 пат во сезоната, тие го имаат најлошиот скор на Западот, додека во целата лига полоши од нов се само Вашингтон Визардс.
Си Џеј Меколум со 43 поени го предводеше тимот до победата, а блиску до трипл-дабл беше Треј Марфи со 28 поени, 11 асистенции и девет скока.
Зак Лавин кај Сакраменто забележа 32 поени и 10 асистенции, го следеше Домантас Сабонис со 22 поени и неверојатни 28 скока, со што го израмни рекордот во кариерата.
Подолжение се играше и во Солт Лејк Сити, Клиперси ја победија Јута со 120:116.
Победата на гостите им ја донесе извонредниот Норман Пауел со 41 поен, од кои девет постигна во продолжението, иако последниот кош (за три поени) беше дело на Французинот Николас Батум. Голем придонес имаше и Џејмс Харден со 32 поени, 10 скока и седум асистенции.
Резултати:
Хјустон – Голден Стејт 98:105
/Холидеј 25 – Кари 27/
Далас – Мајами 118:113
/Eксум 27 – Хиро 40/
Минесота – Оклахома 116:101
/Рид 27 – Гиљес Александар 24/