58-годишна жена од неготинско село била приведена, откако била пријавена за физички напад и закани кон снаата, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 21.05 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино ја уапсиле К.У. од неготинско село, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 32-годишна снаа за син и ѝ се заканувала, појаснуваат од СВР – Велес.
Како што додаваат оттаму, К.У. била приведена во полициска станица и по документирање на настанот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.