Skip to main content
Хроника

Гостиварец лишен од слобода заради малтретирање и запуштање на своите малолетни деца

13/02/2025  17:40

СВР Тетово информира дека вчера (12.02.2025) во 20.00 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 55 годиниот гостиварец Ќ.С., постапувајќи по претходна пријава од неговата 15-годишна ќерка дека не водел грижа за нив, ги запуштал и во повеќе наврати ги малтретирал неа, нејзините двајца помали браќа и една сестра. За настанот бил известен јавен обвинител и Центарот за социјални работи Гостивар.

Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветна пријава, извести полицијата.