Skip to main content
Свет

Автомобил влета во група луѓе во Минхен, најмалку 15 повредени, возачот уапсен

13/02/2025  12:20

Автомобил влетал во толпа луѓе во Минхен, при што се повредени 15 лица. Инцидентот се случи за време на демонстрациите на синдикатот Верди на најголемата улица во Минхен. 

Силни полициски сили и возила на брза помош се на местото за да им укажат прва помош на повредените. Според  очевидци, возачот намерно влетал со автомобилот во толпата, а полицијата соопшти дека возачот бил уапсен. Инцидентот се случува на ден пред Минхенската безбедносна конференција.