Skip to main content
Свет

Арапска лига: Раселувањето на Палестинците од нивните територии е „неприфатливо“ за регионот

12/02/2025  11:29

Раселувањето на Палестинците од нивните територии во Појасот Газа и Западниот Брег е „неприфатливо“ за регионот, изјави денеска генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Геит.

„Тоа е неприфатливо за арапскиот свет кој се бори со оваа идеја 100 години“, рече тој на самитот на светските влади во Дубаи, на прашањето за планот на американскиот претседател Доналд Трамп да ги пресели жителите на Газа.