Skip to main content
Хроника

Приведен 25-годишен скопјанец кој со нож се шетал низ Центар

11/02/2025  12:33

Дваесет и петгодишен скопјанец заврши во полициска станица бидејќи со нож се шетал низ Центар.

„Вчера во 19.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Д.(25) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.