Skip to main content
Хроника

Пожар во куќа во скопско Нерези, едно лице вдишало чад

10/02/2025  16:01

Вчера во 21.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Нерези, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на 72-годишната И.М. од Скопје.

„Екипа од Бригадата за протвпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, додека, неговиот син Н.М.(42) од Скопје, поради вдишување на чад, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување помош“, информираат од МВР.