Слабеат собирајќи ѓубре: Научете што е „плогинг“ и зошто оваа активност е хит во светот

Замислете активност во која трчате, губите тежина и се грижите за човековата околина. Ваквата активност има официјално име „плогинг“ – нов тренд во фитнес кој комбинира џогирање и собирање ѓубре.

Плогирањето е попопуларна еко активност што ја донесоа скандинавските кралеви за заштита на животната средина – Швеѓаните. Она не претставува изненадување со оглед на тоа дека Шведска четврта година по ред е недопирлива на првото место на скалата на CCPI (Climate Change Performance Index) како земја со највисока свест за животната средина и климатските промени.

Што всушност претставува плогирање?

Ова оригинално име доаѓа од англискиот збор џогинг и шведскиот збор plock upp, што во превод значи „подигне“, во овој случај – ѓубре. Ова е многу ефикасна фитнес-активност, бидејќи покрај стандардната физичка рекреација, помага да се зачува животната средина.

Плогирањето воглавно се организира претходно, се собираат голем број луѓе кои сакаат да направат нешто добро за себе, но и за Земјата. Швеѓаните првпат се сретнаа со оваа активност во 2016 година во Стокхолм кога беше претставена од нејзиниот основач – Ерик Алстром. Потоа, овој тренд го зафати остатокот од светот.

Колку идејата е всушност вредна се докажа со меѓународната награда „Кристален компас“ што ја освои Алстром, а се доделува за извонредни достигнувања и оригинални проекти насочени кон зачувување на природното, историското и културното наследство. Оваа награда се нарекува и „географски Оскар“. Нејзиното мото е „Зачувај ја иднината!“.

Главни предности: двојна мотивација е примарниот фактор што го разликува плогирањето од другите фитнес-активности. Сите знаеме колку е лесно да се изгуби мотивацијата по првата недела од трчањето. Но, во плогирање, покрај желбата за подобра физичка подготвеност, сега имате дополнителна мотивација – да ѝ помогнете на планетата да се исчисти од ѓубре.

Луѓето што ја практикуваат оваа активност исто така ја чувствуваат и придобивката затоа што со плогирање се трошат повеќе калории отколку со класичното џогирање бидејќи повремено се наведнувате за собирање ѓубре, што всушност е еден вид интервален тренинг.

Треба да знаете
Последни објави