Синди Крафорд упати честитки до сите спортисти кои учествуваа во Олимпијадата

Синди Крафорд ги слави олимписките спортисти кои настапуваа изминатите неколку недели на Игрите во Токио.

Кралицата на модните писти (55) објави видео на кое вее американско знаме додека стои на тераса со океан во позадина.

„Олимпијадата донесе толку многу возбуда. Бевме сведоци на импресивна извонредност на високо ниво,“ Синди напиша Синди во објавата на својот Инстаграм, а видеото го наслови „Честитки за сите спортисти!“

Летните игри 2020 завршија во неделата, кога Токио го изгасна олимпискиот пламен и го поздрави Париз како следен домаќин во 2024 година. САД замина од Токио со најголем број златни медали, а потоа следуваат Кина и Јапонија.

Треба да знаете
Последни објави