Skip to main content
Скопје

Перински од Аеродром: Конкретни решенија за проблемите на граѓаните, реконструкции започнуваат веднаш

08/02/2025  15:37

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска одржа средби со граѓани, претставници на бизнис секторот, невладини организации и просветни работници во Општина Аеродром, во рамки на теренските посети под мотото „Каде што срцето е дома“.

На средбите се разговараше за повеќе важни теми, меѓу кои:
• Измените на Законот за локална самоуправа
• Подобрување на безбедноста во сообраќајот
• Поддршка за младите спортски таленти
• Зачувување на зелените површини
• Проблемите со автошколите кои неосновано користат делови од населбите како полигони
• Долгорочни решенија за загадувањето на воздухот и проблемот со бездомните кучиња

„Ме радува што граѓаните на Аеродром покажаа ентузијазам и подготвеност за соработка. Заедно, со Општината и Владата, ќе продолжиме да работиме на создавање подобри услови за живот, каде што секој граѓанин ќе почувствува реални резултати,“ истакна Перински.

Министерот најави и конкретни инфраструктурни проекти, посочувајќи дека веќе од утре започнува реконструкцијата и санацијата на скверот позади ТЦ „Капитол“, што е дел од осумте проекти во Аеродром финансирани од централниот буџет.

„Ова е продолжение на заедничката визија за уште поразвиен Аеродром!“ – порача Перински.