Сара Џесика Паркер повторно во фустанот кој ги налути фановите на Кери Бредшо

Актерката на „Сексот и градот“ беше фотографирана на пауза од снимањето на And Just Like That, продолжение на култната серија, заедно со Синтија Никсон во Менхетен во четвртокот.

Неколку недели наназад, фановите на серијата беа гневни откако се појавија фотографии на кои се гледа како Сара Џесика Паркер снима во фустан кој фановите го препознаа како парче од „Форевер 21“.

Сара се врати во контроверзниот сарафан што предизвика негодување кај фановите, снимајќи друга сцена од веројатно истиот ден – бидејќи Кери не ги повторува облеките.

Кога Паркер за прв пат се појави на клипот на And Just Like That во бохо- фустан кон крајот на јули, тој беше идентификуван од And Just Like That Closet, Инстаграм-профил на фанови на серијата, како парче Forever 21.

Фановите збеснаа дека ултрамодерната Кери се осмели да носи таканаречена „фаст фешн“ или брза мода.

“Кери од стилска и секси се претвори во демоде?” едно лице се пожали, додека некој друг напиша: „Засекогаш 21 навистина? на 50 и нешто години.“

Треба да знаете
Последни објави