Skip to main content
Македонија

Кои кандидати од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе се борат за градоначалник на Скопје?

08/02/2025  09:38

Политичките партии започнаа со подготовки за претстојните локални избори.

Според лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и СДСМ, Венко Филипче април и мај се месеците кога би се објавиле дел од кандидатите за градоначалници.

Во меѓувреме во јавноста веќе се појавуваат одредени имиња кои би можеле да бидат дел од изборната трка за Град Скопје.

24инфо.мк преку каналите на социјалните мрежи го провери расположението на читателите околу имињата што во јавноста се вртат како потенцијални кандидати на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ читателите на 24инфо најмногу се одлучиле за актуелниот  градоначални на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Далеку зад него се Коце Трајановски, Златко Перински и Бобан Стефковски.

Што се однесува до СДСМ читателите на 24инфо се одлучиле за шефот на градската организација на партијата Ѓорги Галетановски, а блиску до него е екс градоначалник на Карпош, Андреј Петров.

Мишко Ралев и Каја Шукова имаат значително пониска доверба.

Напомена: Податоците наведени во овој напис не се истражување на јавното мислење и служат само да се увиди расположението на публиката на 24инфо.мк.

Локалните избори ќе се одржат во месец октомври а до тогаш партиите особено најголемите, низ неколку филтри ќе ги поминат кандидатите пред да излезат со конечна понуда.