Skip to main content
Македонија

Митески: Лажни дојави за бомби во Аеродром – учениците безбедни, наставата продолжи

07/02/2025  09:02

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, се огласи по утринските дојави за поставени експлозивни направи во шест основни училишта во општината.

„Тимови на МВР веднаш излегоа на терен и по извршените контроли, учениците се веќе вратени на настава. По дојавите беше постапено согласно со протоколите, а децата беа безбедно евакуирани“, изјави Митески.

Тој ги повика родителите, учениците и наставниот кадар на смиреност, нагласувајќи дека безбедноста на децата е приоритет и дека надлежните институции будно ја следат ситуацијата.