СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Ш.(25) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
– На 04.02.2025 во семејниот дом во Гостивар, по претходна расправија со неговиот брат, пријавениот предизвикал пожар во домот, информираа од полицијата.