Skip to main content
Македонија

Мобилни телефони и обемна документација одземени во вчерашната акција во Одделот за општи и заеднички работи во МВР

06/02/2025  17:47

Како што информираа денеска од МВР, активностите биле преземени во координација со Јавното обвинителство околу предмет кој е во предистражна постапка, а се однесува на злоупотреба и договарање меѓу економски оператори и вработени во Одделот за општи и заеднички работи во МВР во врска со спроведена јавна набавка за потребите на Министерството.

Мобилните телефони и документацијата ќе бидат дел од натамошна анализа и вештачење, а, како што информира МВР, биле извршени и службени разговори со повеќе лица.

Според неофицијални информации кои дел од медиумите ги објавија вчера, полициската акција во просториите на Министерството за внатрешни работи се однесува на истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила.