Skip to main content
Македонија

ЛАДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Попладнево се мерат многу пониски температури за разлика од изминатите денови

04/02/2025  13:48

Ова попладне во Македонија на повеќе места имаме поголема облачност, а повремено засилува и ветер од северен правец. Најниска температура од градовите до 13 часот во Македонија е измерена во Крушево, и тоа -2 степени. Највисока температура во исто време е измерена на Скопје Петровец, и тоа 10 степени.

Секако, на Скијачките центри Попова Шапка и Маврово е многу поладно, па така до 13 часот на Попова Шапка се измерени -5 степени, а во Маврово -2 степени.

На табелата можете да ги погледнете и останатите температури во Македонија по градови и места до 13 часот попладнево, и тоа на мерните станици на УХМР.

Ладното време со ниски температури ќе продолжи и во наредниот период.