Skip to main content
Македонија

Мицкоски ќе положи свежо цвеќе по повод роденденот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас

04/02/2025  10:51

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска во 11 часот, ќе положи свежо цвеќе по повод родниот ден на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје, соопшти владината прес служба.

Во Македонија денеска се одбележуваат 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.

Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.