Skip to main content
Македонија

Од денес до недела повик за бојкот на два маркети, во петок на сите

03/02/2025  18:38

На социјалните мрежи се споделува повик за бојкот на два големи маркети, Веро и Тинекс, кој би траел од денес до недела, а во петок да се бојкотираат сите маркети.

Во петокот се случи првиот обид за бојкот на ланците на маркети во земјава, а според УЈП се забележал пад на прометот. Според споредбената анализа на податоците, во петок, 31.01.2025 година во однос на петок, 24.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.59%, објави УЈП.