Skip to main content
Македонија

Запален автомобил на обвинител од ОЈО Скопје

03/02/2025  13:42

Во текот на ноќта засега непознати сторители опожарија автомобил на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Интензивно се преземаат дејствија за откривање на сторителите и се обезбедуваат сите докази на терен.

Првичните индиции упатуваат на можна поврзаност со фактот што јавниот обвинител постапува во два сензитивни предмети во кои во моментов интензивно презема истражни дејствија, велат од Обвинителство.

Истражните органи работат на расчистување на настанот и на целосно утврдување на причините.