Инспектори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска вршат вонреден инспекциски надзор во Општата болница во Струга по смртта на четиригодишното дете на Детското одделение.
Тоа за МИА го потврди директорот на Инспекторатот Кирил Лазов, посочувајќи дека штом ќе заврши надзорот и ќе имаат нешто поконкретно ќе излезат со дополнителни информации.
На Детското одделение во Струшката болница вчера почина четиригодишно дете кое, според директорот Владимир Бунчески, имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри.