Skip to main content
Магазин

Синот на Вил Смит привлече внимание на „Греми“, луѓето почнаа да го исмејуваат

03/02/2025  12:18

Џејден Смит, синот на Вил Смит, на синоќешното доделување на Греми наградите се појави во интересна облека и со тоа стана хит на социјалните мрежи.

26-годишниот рапер и актер на црвениот тепих се појави во црн смокинг од модната куќа Луј Витон, а на главата носеше црн замок.

Неговото издание го привлече вниманието на екипата на социјалните мрежи, кои почнаа да го исмејуваат, а не недостигаа и забавни коментари.

„Сакам интернетот да знае дека Џејден Смит носи куќа на глава“, „Дали си го платил данокот на имот?“; „Ми се гади од чудни појавувања на холивудски познати личности“; „Не знаев дека е Ноќта на вештерките; „Изгледа дека има многу работи на ум“’ „Некој што е неважен се труди да биде важен“’ „Оној што седи зад него нема да се забавува“ се дел од коментарите.

Инаку, Џејден на доделувањето на наградите се појави со неговата сестра Вилоу, која беше номинирана во две категории со нејзините песни Big Feelings и Empathogen, но не освои Греми награда.