Skip to main content
Македонија

Подмладоците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се приклучуваат на протестот на „Партизанска“

31/01/2025  12:11

Откако граѓани спонтано се организираа и закажаа протест на булеварот „Партизански одреди“ како револт од прегазувањето на младата Фросина, подмладоците на најголемите политички партии решија да се приклучат на протестот.

„Не трпиме неправда на улиците. Бараме транспарентност при процесот на истрага, бидејќи правда мора да има“ велат од СДММ, најавувајќи дека ќе се приклучат на денешниот протест.

Поддршка стигна и од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заедно со моите колеги од УМС, денес ќе се придружиме на протестниот собир пред Силбо, да изразиме сочувство за Фросина, како и револт против системот кој убива“ напиша на социјалните претседателот на УМС, Сергеј Попов.

Протестот е закажан за 13.00 часот на булеварот помеѓу Универзална сала и Силбо.