Skip to main content
Свет

Најсмртоносните трагедии во САД: Телата на жртвите се извлекуваат во моментов

30/01/2025  13:18

Регионален патнички авион на Американ Ерлајнс и воен хеликоптер Блек Хок се судрија во близина на националниот аеродром Реган Вашингтон во средата вечерта, потврдија официјални лица.

Според пишувањата на медиумите, по судирот патничкиот авион се урнал во реката Потомак. Спасувачките екипи се на терен, а телата на жртвите во моментов се извлекуваат. Според последните, неофицијални информации, 19 тела се извлечени од водата.

На социјалните мрежи се појавија снимки кои го покажуваат моментот на судирот. На една од нив јасно се гледа експлозијата која создаде голема огнена топка на небото.

Над 300 спасувачи се испратени на местото на настанот, но временските услови се лоши, а потрагата по патниците или нивните останки е исклучително тешка, бидејќи судирот се случил во раните утрински часови. Исто така, температурите на воздухот и водата се ниски.

Спасувачите и локалните власти соопштија дека се претпоставува дека сите патници се мртви, што ја прави трагедијата една од најсмртоносните во САД.