Ленче Ристовска останува на Талир 2. Таа е трета од обвинителите на СЈО која доби одобрение од јавниот обвинител Љубомир Јовески да се врати во судница. Вчера Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски продолжија да го застапуваат предметот „Монструм“. Денеска е закажано судењето за „Талир 2“ во кое обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски.
Според обвинението, тие со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, иако правното лице во времето на обезбедување на услугата имало склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.
Обвинетите се сомничат дека прибавиле значителна имотна корист за партијата во износ од околу 8.2 милиони евра.