Search

Без возачка возеле 18 лица во Скопје

На 17.09.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 18 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај е исклучен 21 возач од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 18 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден возач – почетник кој не ги почитувал сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 13 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, седум возачи поради неправилно престигнување, шест возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 13 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 17 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 33 мандатни платни налози, а 70 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Треба да знаете
Последни објави