Search

Судбината на македонските одбојкари им ја крои Турција

Македонската одбојкарска репрезентација како дебитант на завршниот турнир од ЕП приреди уште едно големо изненадување. Совладана е соодветнат селекција на домаќинот во групата Ц,  Словенија (3:1 во сетови). Иако Словенија важеше за апсолутен фаворит, не ги исплаши „црвено-жолтите“. Напротив ги мотивираше и предовдени од капитенот Никола Ѓорѓиев ги клекнаа на колена.

Задоволството е големо, но ќе биде уште поголемо доколку вечерва (20.30 ч.) Турција одигра за Македонија и ја совлада Финска, по што избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ ќе добијат за награда продолжен престој на ЕП кое се одржува во четири земји. Македонија ги одиграа петте натпревари во групата, во кои по трите стартни порази од Финска, Турција и Русија, финиширавме со две победи на Белорусија и Словенија.

Турција со победата од 3:1 против Белорусија е сигурен патник во осминафиналето, но и за нив не е сеедно дали таму ќе одат како трето или четвртопласирани од групата. Пораз за Турците ќе значи дека трета ќе биде Финска, а Турција ќе игра против првопласираната репрезентација од групата А, веројатно ко-домаќинот Франција.

Доколку Турција им го трасира патот на „црвено-жолтите“ кон осминафиналето, македонската експедиција ќе треба да се пакува за преселба во Нант, каде ќе има уште еден голем императив за докажување со фаворит, ко-домаќинот Франција или Италија. Овој натпревар би се играл в сабота (19.30 ч.).

 

 

Треба да знаете
Последни објави