Skip to main content
Хроника

Кривична против 63-годишен скопјанец, подигнал брз кредит во туѓо име

27/01/2025  16:32

Полицијата од Берово поднесе кривична пријава против 63-годишниот Т.А. од Скопје поради сомнение дека извршил измама.

„Пријавениот лажно се претставил и преку социјална мрежа стапил во контакт со лице од Берово. Под изговор дека на неговата сметка ќе му бидат испратени пари, пријавениот од лицето побарал и добил податоци од банкарската сметка и лична карта, по што подигнал кредит од финансиско друштво на име на оштетениот“, велат од МВР.