Skip to main content
Свет

Најмалку еден рудар загина, а 11 се повредени во земјотрес во полски рудник

27/01/2025  10:39

Најмалку еден рудар загина, а 11 се хоспитализирани откако земјотрес го погоди рудникот за јаглен во сопственост на полската компанија ПГГ во Радлин, соопшти денеска групата.

Се додава дека земјотресот се случил во текот на ноќта на длабочина од околу 800 метри, пренесува Ројтерс.

„Во загрозената зона имаше 29 наши вработени. Единаесет од нив беа пренесени во болница. За жал, еден од нашите колеги, еден од рударите, почина“, изјави извршниот директор на ПГГ, Бартош Кепа.