Skip to main content
Ракомет

Охрид со пораз од Динамо Панчево се одјави од Белград

26/01/2025  19:48

Македонскиот ракометен суперлригаш ГРК Охрид ги заврши настапите на Меморијалниот турнир „Вук Рогановиќ“ во Белград, Србија, со два поррази на две средби.

Во дуелот за третото место ГРК Охрид предводен од тренерот Стевче Алушовски доживеа пораз од Динамо Панчево, од кого во ефикасен меч загуби со резултат 29-33. На полувреме „рибарите“ имаа предност од еден гол (13-12).

Претходно, во полуфиналето македонскиот тим загуби и од Партизан. Клубот во следните денови се враќа дома и ги продолжува подготовките за вториот дел од сезоната.