По одигрувањето на натпреварите од 7. коло од фудбалската Лига на шампиони, познати се девет екипи кои нема да можат да влезат во плејофот.
Без шанси за следната фаза во елитното фудбалско натпреварување се: Болоња, Спарта, Лајпциг, Жирона, Црвена ѕвезда, Штурм, Салцбург, Славија и Јанг Бојс.
Моментално се во зоната на плејофот, се ПСВ, Клуб Бриж, Бенфика, ПСЖ, Спортинг и Штутгарт, но три од нив можат да бидат елиминирани.
Што се однесува до пласман во Топ 24, имаат и Манчестер сити, односно Динамо Загреб кои се на 25. односно 26. место.
Последното коло од првата фаза од ЛШ ќе се одигра следната недела, на 28 и 29 јануари.